Швајцарија од денеска го забрани увозот на живи свињи и свинско месо од Бугарија и други европски земји, за да сопре ширењето од овие држави на африканската свинска треска, соопштува “Франс прес”.
Швајцарската агенција за безбедност на храната информира дека увозот освен од Бугарија, е забранет и од Романија и некои делови на Латвија и Хрватска.
Со збраната се офатени живи свињи и нерези и месо. Африканската свинска треска се шири од 2007 година на Балканот, Кавказ и Русија.