Си ги тужи родителите зошто имал лошо детство


Во Полска наскоро ќе започне првото судење против родители откако еден 29-годишен Полјак од Белхатов решил преку суд да побара отштета од 37.500 евра од родителите затоа што додека бил дете им било прескапо да го одведат на лекар, да го хранат, да го школуваат и да му овозможат нормално детство.

sudНајстариот син од трите деца на татко-рудар и мајка-кројачка се лекува кај психијатар, има оштетено срце, проблеми со дигестивниот тракт и низа други здравствени проблеми кои не му дозволуваат да живее нормално.

-Ме болеше стомакот, повраќав жолтило. Мајка ми не ме одведе на лекар оти рече дека некој ме урочил и дека за тоа лекар не помага. Кога јадевме врескаше по мене дека многу јадам и дека тоа чини пари. Книги за на училиште? Скапи се. Скинати панталони. Во четврто или во петто одделение се обидов да си ги пресечам вените, да умрам и повеќе да не мора да трошат пари за мене – раскажува младиот Полјак за своето детство за полскиот неделник “Њузвик”.

Полскиот весник Газета виборча” во серијата написи што започна вчера се обидува да одговори зошто во Полска се раѓаат се помалку деца, па новинарите пресметале колку едно полско семејство го чини едно дете. Според стандардот на семејствата, издвоиле три групи на чинење на дете: еко-верзијаа, просечно и ексклузивноо. Во економскатаа класа, онаа најевтината, од раѓањето до тргнување на училиште мајката и таткото треба да издвојат 6.875 евра, оние просечните 19.700 евра, а ексклузивните дури 57.900 евра.

Vecer

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1