Си ги убила близначињата откако се породила во WC зошто биле од љубовникот (Видео)


lindsay-lowe-killed-2-babies-lead

Линдзи Хант 26 од Тенеси призна дека си ги убила новороденчињата близнаци и дека бременоста успешно ја затскривала пред сите, затоа што нивниот татко не бил нејзиниот вереник.

Таа се породила тајно во домот на нејзините родители во септември во 2011 година, по што со дланката им ги запечатила устите за да нејзините родители не ги слушнат криковите, по што ги угушила.

Едно од убиените деца, нејзините родители го пронашле два дена по злочинот и веднаш ја известиле полицијата. Линдзи сега ја судат за две убиства. Полицијата открила дека таа се породила во купатилото, по што ги угушила.

Кога пристигнале на местото на злочинот, полиијата во собата ги пронашле крвавите пешкири, а многу набрзо и телото на другото бебенце.

Lindsey-Lowe1Во текот на судењето е откриено на кој начин таа ја затскривала бременоста. Викендот пред породувањето, дури била и деверуша на една венчавка на која што играла и се смеела.
Врз основа на она што истражувачите го откриле, се чини дека таа имала намера да ги убие децата веднаш по породувањето.

Не купила ништо, што би и било потребно по породувањето. И додека обвинителството тврди дека тоа го направила со намера, одбраната тврди дека случајот не е така едноставен.

„Линдси била трудна, но одбила тоа да го прифати. Нејзиниот ум ја отфрлал бременоста“, изјавил нејзиниот адвокат и додал дека сватила што навистина се случува дури во купатилото, кога почнала да ги породува близнаците.

Одбраната тврди дека жената на почетокот мислела дека и излегуваат внатрешните органи, а, во нејзина одбрана се ставиле и нејзините родители, пријатели и црквената заедница.
Ако судот ја прогласи за виновна, би можела да се соочи со доживотна казна затвор без можност за помилување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1