Монструозен чин ја потресе јавноста во Србија. Татко монструм, го однел својот син на гробот на неговата мајка и таму го застрелал со четири куршуми.
Таткото околу 8 часто наутро го однел синот, 36 годишниот Игор кој имал психички проблеми и често се лекувал во душевната болница, на гробиштата да го посетат гробот на неговата мајка. Извадил пиштол и со 4 куршуми го застрелал и убил синот.
Според српските медиуми, монструмот потоа се обидел да изврши самоубиство, но не успеал во намерата. Јово, кој по професија е слаткар, сам се пријавил во полиција.