Австралиски суд во петокот пресудил во корист на компанија на која и дал дозвола да патентира човечки ген. Загриженоста порасна поради тоа што на овој начин компанијата ги монополизирала гените и на тој начин го претворила човечкото тело во стока, со што негативно влијае на здраствената заштита.
Судијата тврдел дека чинот на отстранување на специфичниот ген од телото и негово изолирање, го прави генот како еден вид на продукт и токму поради тоа е дозволено негово патентирање и покрај фактот што истиот ген може да се појави природно и во други човечки суштества.
Патентот беше направен од страна на американската компанија „Myriad Genetics“ во 1994 година и доколку истиот се примени во Австралија, ќе им даде на компанијата ексклузивни права да вршат тестови на специфични гени.
За возврат, патентот ќе забрани понатамошна употреба од страна на некој трет, за негово истражување или спроведување на тестови.
Федералниот суд на Австралија се занимава со патенти на компанијата на BРCA1, кои можат да се искористат за навремено да се открие ракот кај жената.
Во одлуката на судот која беше донесена во петокот се наведува дека со изолирањето на хемискиот состав и структура на клетките и доведувањето на истите во вешачка состојба, го создава генот во патентирана стока. „Cancer Voices Australia“, поднесоа жалба до австралиската влада за промена на законот велејќи дека патентот може да доведе до влошување на јавното здраство како и до зголемување на трошоците и ограничувањата на докторите.
Во моментов околу 4000 човечки гени се патентираат од страна на приватни компании.