Рабинот Ноа Мароф од Конектикат си купил маса за помалку од 200 долари. Кога не успеал да ја внесе низ вратата дома почнал да ги вади виоките – во една од нив имало кеса со 98 000 долари.
Контактирале со сопственичката на масата и ги вратиле парите. Тоа било наследство на кое наследничката заборавила.
– Не верувам дека има многу луѓе кои би го сториле она што го направивте Вие – му напишала таа на Ноа во писмото со кое му изразила благодарност за враќањето на парите.