Силен ветар и бранови до два метри во Охрид, оштетени објекти


Силен ветар проследен со врнежи од дожд го погоди регионот на Охрид денеска и го разбранува Охридското Езеро предизвикувајќи бранови високи од 1,5 до 2 метри.

фото: ОхридПрес

Водостојот на езерото по последните врнежи од дожд е релативно висок. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи уште од вчера нивото е три сантиметри над дозволениот максимален водостој.
Според метеоролозите, во текот на денот ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен повремено силен јужен ветер (над 80 км/час, а на планините и над 100 км/час). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Високите бранови предизвикаа и поплавување кај дел од објектите што се наоѓаат на крајбрежјето, одноно на платформите и терасите кои се на првата линија на езерото.
извор: ОхридПрес

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1