Силјановска: Крајот се насетува, јас немам што да изгубам


Да им се заблагодарам на ВМРО-ДПМНЕ и на оние граѓани кои не се политички определени, а кои гласале за мене, оние кои првпат гласале и гласале за мене, што се разочарани од СДСМ, рече на вечерашната прес конференција, Гордана Силјановска Давкова.

– Ако се соберат гласовите на опозицијата, оние на Река и на моите поддржувачи, разликата е повеќе од 70 илјади гласови. За некој како мене кој во целата кампања укажуваше на неодржливоста на режимот, кога отсуствува владеењето на правото, кога има систем на корупција и непотизам, тоа е најважно. Опозицијата успеала, не само да им преточи на граѓаните, туку и да ги убеди граѓаните дека во отстсуво на право и правда можеме само да си кажуваме приказни за ЕУ и НАТО, само со исполнување на Копеншаките критериуми, владеење на правото може да зачекориме кон ЕУ. Мора да се стави крај на транзицијата, на политичарите кои од независноста до денес трчаат од функција на функција. Нашите тези се тези за демократска консолидација.

Долго време мислев дали да го прифатам предизвикот, но решив дека сум должна да ставам камче во демократскиот мозаик. Крајот се насетува, јас немам што да изгубам – рече Силјановска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1