Кандидатката Гордана Силјановска Давкова води во околу 40 општини, а Стево Пендаровски во околу 20 општини, според првичната мапа на Државната изборна комисија. Кандидатот Блерим Река води во 10 општини.
Ова се првични резултати на ДИК од пребројани 150.288 гласови. Според бројот на гласовите, пак Пендаровски е во благо водство пред Силјановска.
Погледнете ја мапата. Со црвена боја е обележана Силјановска, со сина Пендаровски, со жолта боја Река.