Невреме проследено со силен ветер, пороен дожд, град и силни електрични празнења попладнево го зафатија Кавадарци, јави Утрински.
– За петнаесетина минути, колку што траеше невремето улиците во градот се претворија во река. На повеќе места имаше искорнато дрвја, а во близина на фабриката Фени индустри искорнати четири стебла го закочија сообраќајот.
Дали градот направи штета врз земјоделските култури дополнително ќе се утврдува, пишува Утрински весник.