Силно обраќање на Груевски во ОН: Ние сме Македонци, зборуваме на македонски јазик


Без оглед на внатрешно политичките предизвици со кои се соочуваме, дозволете ми да подвлечам дека не треба да има препрека на нашиот пат кон Евроатлантската заедница на нации. Едно нерешено прашање кое за жал стои на патот на трајна стабилност на нашиот регион и директно влијание врз мојата земја и стои во агендата на ОН е разликата со Грција околу името со мојата земја, односно нејзиното противење за уставното име Република Македонија, рече премиерот Никола Груевски при обраќањето во ООНGRUEVSKI ON

Македонскиот премиер нагласи дека решавање на разликите со нашиот сосед е наш приоритет, во рамките на границите на резолуциите на ОН и согласно меѓународното право кои го дефинираат решението кое е предмет на разговори и взаемно прифатливо решение.

-Нашата позиција е добро позната и е во контекст на реалноста дека ние сме Македонци, говориме македонски јазик и живееме во држава со Уставно име Република Македонија. Меѓународното право треба да се почитува од сите и во сите случаи, а не наменски. Оттука одлуката од Меѓународниот суд за правдата донесена во корист на мојата земја треба да се почитува од сите членки на оваа организација, посебно зашто токму тој суд е основан од организацијата на ОН и тој треба да е гаранто на спроведување на правдата и на билатералните договори склучувани под покровителство на ОН, рече Груевски.

Во спротивно, нагласи тој, довербата во Светската организација и нејзините тела и органи ќе опаѓа и ќе се остава простор на сите оние скептици кои ги споменав и кои пробуваат неправедно и намерно да го оспоруваат нејзиното работење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1