Симеон Атанасоски уште во 2018 – Прецизно е предвиден почеток на пандемијата за декември 2019 (видео)


Предвидување старо неколку години ,за болест во светот.Прецизно е предвиден почеток на пандемијата за декември 2019.

Македонскиот астролог Симеон Атанасоски во предвидувања за тоа што го чека светот, снимено во Јануар 2018 година говори за појава на можна заразна или искоренета болест и на крајот од видеово точно вели дека според поставеноста на планетите тоа може да му се случи на светот до декември 2019 година.

Еве што вели Атанасоски на својот фејсбук профил –

,,За пандемијата во светот која сите не загрижува ,првпат беше спомнато во 2012(тв емисија „Пресинг“ , а и во други години беше повторувана ова предвидување во зависност од годишното мое обраќање на Тв медиумите.
Предвивањето е прецизно(се предвидуваше декември 2019) што може да се види и слушне во моето годишно обраќање во 2018 ,а и од други години е спомнато во контекст на економијата и болести кои го очекуваат светот во 2020.
Недвосмислено се предвидуваше дека не треба да губиме време ,бидејќи светот во 2020 ќе влезе во рецесија и само претходно подготвените држави за овој период ќе можат да се спасат и да одговорат на предизвикот.Се даде предвидување и за болести кои ќе го вознемират светот во 2020. Се спомна дека е можна колера која исто така е заразна болест ,со моја препорака да се слушаат советите на лекарите.

Ова предвидување старо неколку години се даде заради Гуру и Шани кои се приближуваа во декември пред портата на Макара (знакот Јарец) во опозиција со Раху во Ардра и Кету во Мула – оска (Митуна-Дхана) која директно е поврзана со дишните патишта и белите дробови од една страна и долната регија на стомакот.Сатурн го оптеретува индиректно срцевиот мускул , со неговата позиција во Утарашада накшатра која е поврзана со Сонцето.

Ова влијание класиците на Џотиш ,го третираат како епидемија со голема степен на смртност.Истото е предизвикано преку нечиста вода или поточно ,преносителите се школки.Оваа информација не се спомна досега во светот ,но мислам дека треба да се провери.

По изјавите на светската здравствена организација за брзо прогресирачката епидемија во Кина(Вухан) ,како и извори кои го посочуваа лиљакот како преносител на заразата-останува прашањето , од каде имало пренос на зараза до него!?

Видео материјалот недвосмислено го спомнува периодот кога се активира ова предвидување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1