Симнала 24 песни од пиратски сајт – доби казна 220.000 долари


Американскиот Врховен суд ја одби жалбата на Џејми Томас Расет која и беше наредено да плати казна од 222,000 долари, за нелегално симнување на 24 песни од сега веќе непостоечка датотека за споделување на услуги „Kazaa“. Белата куќа го советувала судот да биде на страна на музичката индустрија.


piraterija_0_0_468X10000Нејзниот пат низ американскиот судски систем започна во 2007 година и доведе до тру пресуди.
Првиот судија пресуди дека Расет била одговорна за да плати на носителите на авторски права 222,000 долари за симнување на 24 песни.

Судските документи откриваат дека таа првично била обвинета за симнување на 1702 музички датотеки, но „RIAA“ барала компензација само за дваесетина.
Подоцна по жалбата, судијата призна дека на поротата и дал неточни инструкции и пресуди против обвинетата во висина од 1,920,000 долари речиси 90,000 долари по песна.

Томас Расет се жалеше и на ваквата одлука, по што судијата ја намали казната на вкупно 54,000 долари во 2009 година. Уште едно судење кое започна следната година, пресуди во корист на „RIAA“ да и се исплатат 1,5 милиони долари. Ваквата сума повторно беше намалена за 54,000 долари пред септември 2012 година, за да потоа повторно да се врати на оригиналната сума од 222,000 долари.
Врховниот суд одби да го сослуша нејзиниот случај, по препорака на администрацијата на Обама, којa и даде кратка поддршка на „RIAA“.

pirati„Со доделувањето на законската штета под Законот за авторски права, не само што е надоместена приватната повреда, туку ваквата одлука служи и како оправдување на важниот јавен интерес.
Тој јавен интерес не може да се реализира ако инхертната тешкотија на докажување на вистинските штети го остава носителот на авторските права без ефикасен правен лек за повредата или го исклучува ефективното средство за одвраќање на понатамошното прекршување на авторските права.
Судиите засега немаат коментар за нивната одлука, но Томас Расет 35 вели дена нема намера да ја плати казната, па дури и да има, таа не е во можност да ја изврши истата.

„Во моментов не можам да соберам толку пари. Во моментов добивам електрична помош и имам четири деца. Мојот сопруг не работи. Едноставно немам толкав број на средства за да можам да ја платам казната.
„RIAA“ првично и понуди можност да плати сума од 5000 долари, а потоа и дополнителните 25,000 долари, од кои и двете ги одбила пред да отидат на суд.
„Како што рековме на почетокот, јас немам во моментов, а незнам што носи иднината. Ако тие се обидат да ги соберат, ќе бидам приморана да поднесам барање за стечај и ќе банкротирам.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1