Синоќа 48 лица побарале лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“


Во текот на изминатата ноќ на Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ на преглед се јавија 48 лица кај кои беа направени сите лабораториски радиолошки иследувања. Од нив хоспитализирани беа шест лица. Доминираа повреди на главата, на вратот, а во подоцнежните часови имаше повреди од шок бомби-со посекотини, изјави денеска директорката на оваа Јавна здравствена установа Јасминка Чабуковска.gradska-520x311

Таа рече дека сите пациенти се во стабилна општа состојба. Од нив, нагласи таа, четворица изутрината се пуштени на домашно лекување.

– Остануваат двајца од кои едниот кој има повреда на ахилова тетива најверојатно ќе биде задржан уште некое време, потенцира Чабуковска.

Таа рече дека најголемиот број од повредените биле цивили, како и четворица од безбедносните сили кои по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.

Додаде дека кај нив пратеници не побарале лекарска помош.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека во текот на вчерашната вечер кај нив работеле четири ургентни амбуланти за разлика од обичните денови кога работи една.

Чадиковска информира дека за празничните денови ќе се организираат со дополнителни екипи на повик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1