Војин Ражнатовиќ, синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан од неговиот прв брак, кој не престанува со провокациите упатени до Светлана Цеца Ражнатовиќ на социјалните мрежи, откри дека ќе престане со навредите тогаш кога таа ќе го промени презимето и ќе врати нејзиното моминско презиме.
Синот на покојниот Аркан не престанува да води војна против втората сопруга на неговиот татако, а откако обожавателите на Цеца го замолиле да прекине со провокациите тој на Фејсбук одговори:
„Повторно почнаа дечиштата од фан клубот на мојата маќеа да го полнат инбоксот. Јас сум практичен човек па донекаде ги разбирам – ги боли вистината за нивната хероина. Љубезно им соопштив дека ќе претсанам кога таа ќе го промени презимето и ќе им го врати на моите браќа и сестри сето она што им го украде. Само така ќе бидам исполнет и со задоволство никогаш повеќе нема да ја спомнам“, објави Војин.
Инаку, Војин Ражнатовиќ однеодамна е во конфликт со неговата маќеа. Тој неколку пати досега упати тешки зборови и навреди на нејзина сметка, а објави и некои навредливи и провокативни фотографии. Пејачката досега не му одговори, но нејзините деца, Вељко и Анастасија застанаа во одбрана на нивната мајка.