Синот на Аркан го нападнал синот на Цеца: “Се јави тато од Кипар, прашува како ти стои часовникот!“


Откако неколку портали ја објавија непроверената информација дека Вељко Ражнатовиќ на прославата на својот осумнаесетти роденден тврдел дека татко му Жељко Ражнатовиќ Аркан е жив и здрав, се огласи неговиот постар брат Војин.

7pa9xf98_thumb_medium500_282

Овие изјави, иако непроверени, на Војин очигледно му пречат, па на Фејсбук напиша ироничен статус, на кој помалиот Вељко не му остана должен.

Војин Ражнатовиќ: И мене тато ми се јави од Кипар или Кариби (лоша беше мрежата на јахтата) да ми каже дека е ок и да ме праша како на малиот му стои часовникот. Му соопштив дека за жал не стигнав на „журката на векот“ бидејќи колоната возила од СПС го зазеде целиот паркинг околу хотелот. Ме замоли никому од вас да не му кажам дека е жив и ми разоткри поверлива информација дека му недостига сјеничкото сирење од Калениќевото пазарче.Screenshot_1117_thumb_medium500_488

Вељко му одговори на брата си со следните зборови: Наместо сарказам и терањето на луѓето да веруваат во нешто што ти знаеш дека никогаш не би го кажал, треба да се запрашаш зошто не беше таму да го слушнеш и видиш помалиот брат по 15 години. Секој збор е вишок.

 

Со ова Вељко демантираше дека на неговата прослава кажал дека татко му е жив, а што се однесува до Цеца, таа никогаш не се огласувала по повод изјавите на децата на Аркан кои ги имал пред бракот со неа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1