Синот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Билал Ердоган, изјави дека не е вмешан во илегална трговија со нафта со Исламската држава и дека неговата компанија се заминава со градежништво.
-„Мојата компанија се занимава со градежништво и ѕидање на деловни објекти во Истанбул. Ние не делуваме во Средоземното Море, како ни во Сирија, ни во Ирак, рече Билал Ердоган.
На прашањето дали компнаијата на неговиот брат се занимава со трговија со нафта со ИСИС, помладиот Ердоган рече дека тоа не е вистина, иако потврди дека таа фирма се занимава со транспорт.
На крајот на ноември сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем изјави дека синот на турскиот претседател е вмеѓан во нелегална трговија со нафта со Исламската држава.
Според неговите збориви, поради таа причина Турција го соборила рускиот авион СУ-24 на територијата на Сирија.