Најстариот син на нарко босот Пабло Ескобар тврди дека татко му не го убила полицијата, туку дека се самоубил за да го спаси семејството од киднапирање.
Пред објавувањето на неговата нова книга, Себастијан Марокин, изјавил дека разговарал со својот татко десет минути пред да почине и дека е убеден дека сам си го одзел животот за да не се предаде на полицијата и да ги спаси најблиските од тортура, пренесе Дејли мејл.
Сега 39-годишниот син на Ескобар имал 17 години кога го загуби татко си, во Меделин во 1993. Тој е убеден дека им се заканувале на луѓето кои правеле аутопсија врз телото на Пабло Ескобар и биле приморани да го сменат официјалниот извештај.
Марокин навел уште дека неговиот татко се застрелал во глава, нешто што секогаш планирал да го направи.
Ескобар израснал во сиромашно семејство во Меделин, во североисточниот дел на Колумбија, а стана најбараниот човек во светот. На почетокот бил познат како колумбискиот Робин Худ, а подоцна стана озогласен заради започнување на војни, за нарачување на илјадници убиства, па и за бомбардирање на авион.