Филип, синот на Љубе Бошкоски го фати крстот за Водици во Перој, Хрватска, објави А1 он.
По крстот во Јадранското Море, освен Филип, кој беше единствениот Македонец, скокаа Руси, Срби, Црногорци, Хрвати и Бугари.
Перој во Истра е единственото православно место во Хрватска, а фрлањето крст во морето за Водици е долгогодишна традиција. Тука по крстот скокаат и жени.