Мухамед Али Јуниор, синот на легендарниот боксер Мухамед Али, кој почина на 3 јуни, ги остави сопругата и децата откако ги доби парите од наследството, пишува „Радар онлајн“.
Како што пишува порталот, деветте деца на Али се состанале на крајот на јуни со Лени Али во Калифорнија, вдовицата на Мухамед Али, за да се договорот за поделбата на имотот на славниот спортист. Лени постигнала договор со останатите наследници да ја задржи куќата во која живеела со поранешниот боксер, а неговите деца се договориле богатството кое е проценето на 80 милиони долари, да го поделат на еднакви делови, пишува „Радар онлајн“.
Исто така, во текстот се наведува дека веднаш по добивањето на наследството, Али Јуниор решил да ја напушти сопругата Шакира со која има две деца, и да се пресели во побогатиот дел на Чикаго, град во кој деценија живеел со семејството, Инаку, Али Јуниор не бил во контакт со славниот татко, и не добивал негова финансиска поддршка, поради што неговото семејство живеело од социјална помош. Во текот на последните десет години, Мухамед Али Јуниор, неговата сопруга Шакира, осумгодишната ќерка Амира и седумгодишната Шакера се издржувале со боновите за храна и од милостиња. Али Јуниор бил оттуѓен од спортската легенда долги низа години.
Во интервјуто за „Дејли мејл“ непосредно пред смртта на татко му, Али Јуниор открил дека е во контакт со своите сестри, но дека ретко зборуваат за семејните работи.
– Се обидувам да живеам живот и да бидам добро. Го видов татко ми на неговиот 72 роденден, а потоа и на 73-тиот. Му пеев роденденска песна, но не реагираше. Знаев дека во прашање е Паркинсонова болест. Знаев дека е во мошне лоша состојба – рекол Јуниор.