Синот на починатата во лифт во Карпош: Брзата помош дојде брзо но со празни раце


Голема трагедија го потресе Скопје кога почина жена заглавена со Брзата помош во лифт во скопски Карпош.

Била болна и повикала Брза Помош, веќе починатата Лидија заглавила заедно со екипата на Брза Помош во лифтот во подрумот каде останале 20 минути, а Судска медицина констатирала дека Лидија починала поради гушење.

Нејзиниот син за Тв21 вели дека екипата на Брза Помош дека дошла неподготвена не давајќи и прва помош на мајка му.

„Она изгуби свест дома и дадов вештачко дишење и се поврати. Влегоа од медицинската помош мислев дека они ќе превземат. Ниту имаа носилка, бараа ќебе, викаа да барам комшии. Ужас немам зборови. Не верувам дека и е дадена терапија затоа што остана без кислород. Брзата помош не си ја заврши работата. Да брзо дојдоа но со празни раце дојдоа. Ко да си дојдоа на кафе. Ние доле безме 15-20 минути. Во лифтот ми викаше дека има пулс и надвор ми вика готово. И јас реков како готово не а реанимирате? Само ја покри. Значи ужас.“, вели синот на починатата Лидија, Слободан Трендов за ТВ21.

По трагедијата жителите на зградата се плашат да го користат лифтот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1