Синот на Тито си живеел во вилата бесплатно – може да биде казнет поради бесправно користење државен имот


Александар Миша Броз, помладиот син на Јосип Броз Тито се соочува со можна казна од милион куни (133.000 евра) поради бесправно користење државен имот, односно вилата на Тито во Самобор.

Некогашната вила на Тито, каде Миша Броз живее со децении, се простира на 35.000 квадратни метри и има овоштарници, лозје и куќи.

Броз помладиот нема правна основа за користење на тој имот, бидејќи истиот од април 1998 година е во државна сопственост.

Тој тврди дека во последните дваесетина години никој не побарал од него имотот да го врати на државата, сепак, хрватските медиуми наведуваат дека уште во 2000 година Државното обвинителство го повикало да го врати имотот во рок од 30 дена.

Во мај 2001 година, Владата на Ивица Рачан токму таа недвижност ја даде на управување на претседателот, а таква беше состојбата до минатата година, кога од кабинетот на хрватската претседателка имотот беше вратен на Канцеларијата за управување со државен имот, која прерасна во Министерство.

– Министерството за државен имот упати повик до Државното обвинителство да покрене постапка за враќање во посед на недвижноста, која бесправно ја користи господинот Броз, но и заради наплата на противправно стелнатата корист, изјави за ХРТ хрватскиот министер за државен имот Горан Мариќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1