Синот осомничен за вчерашното убиство на 62-годишниот Т.Б. во Штип


Првичните сознанија од истрагата на штипската полиција говорат дека 62-годишниот Т.Б., кој вчера беше пронајден мртов во неговиот дом на ул.„Сутјеска“, бил убиен од неговиот 29-годишен син Г.Б и негов пријател, на возраст од 24 години.

Гордана Панајотова портпарол на Штип вели дека најпрвин во раните утрински часови почнала кавга меѓу синот и починатиот Т.Б по што синот почнал да го удира со тупаници и тапи предмети, а потоа со нож му нанел смртоносни повреди во пределот на главата.

Двете лица, кои се осомничени за кривично дело убиство, се наоѓаат во Основниот суд во Штип, кај судија на претходна постапка.

Засега не се познати мотивите за убиството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1