Сиромаштијата во пораст – 9% одат на работа за плата со која не можат да си ги платат ни сметките


Расте сиромаштијата во земјава. Речиси 9 % од вработените или 67 илјади лица имаат работа, но не можат да се прехранат. Овие луѓе живет под прагот на сиромаштија, кој за македонски услови изнесува 12 илјади денари за 4 члено семејство. За да се надмине проблемот, неопходно да се зголеми минималната плата

– Законот за минимална плата во претходните години беше 10 илјади денари и е под прагот на сиромаштија. Во Македонија е пресметано дека за едно четворочлено смемејство потребно е да добијат околу 12 илјади денари за да се над ниво на сиромаштија. Ние сега со издигнување на минималната плата, сите оние вработени регуларно ќе ги извлекуваме секој месец од сиромаштија, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Голем е бројот и на лица кои работат, но не се осигурани. Не им се плаќаат никакви придонеси и немаат никаква сигурност дека ќе ја задржат работата. Овие лица работат за да преживеат

Лицата кои собираат пласитики и шишиња,90% од жените од руралните средини кои работат земјоделие немаат никаков статус, а земаат некаков приход. Затоа владата ќе работи на Стратегија за намалување на неформалната економијата

– Ние сакавме да се прошири опсегот односно дека се сиромашни и оние луѓе кои се вработени, а имаат мали приходи, но и со оние кои не уживаат сигурност иако се вработени. Тоа се хонорарците, лицата кои работат на црно или со договори на кус период, рече претседателката на Македонската платформа за борба против сиромаштијата, Билјана Дуковска.

Целта на конференција за сиромашни и социјални ранливи лица е да се поттикнат институциите да преземат мерки за подобрување на стандардоти животот на овие граѓани .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1