Сирупот „Ефералган“ повлечен од продажба и во Македонија


Сирупот „Ефералган“, кој се користи за намалување на температурата кај децата од вчера е повлечен од продажба во Македонија.

sirup eferelgan decaОвој лек е повлечен заради мерки на претпазливост, по барање на францускиот произведувач.

Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) извести дека на барање на производителот „Бристол маер“, Франција го повлече сирупот „ефералган“ од 30 мг/мл од аптеките. Повлекување, како што објаснуваат од Агенцијата, не е поради квалитетот на лекот, туку како мерка на претпазливост откако производителот открил мали пластични честички (неинфективни) во опремата за пакување на производот, и тоа од надворешната страна.

Од Агенцијата смируваат дека нема место за паника, и дека станува збор за доброволно повлекување на лекот од пазарот во сите земји до ниво на аптека, а не до ниво на пациент, бидејќи не е во прашање квалитетот на лекот.

До вчера од пазарот се повлечени 1.231 сируп, и тоа од 6 серии: Р1447, Р4737, Р6077, Р9468, Р1767 и Р3180. Останатите серии не се предмет на повлекување.

Агенцијата за лекови и медицински средства за секој случај испрати примероци од препратите до Фармацевтскиот факултет и Институтот за јавно здравје за контрола на квалитетот.

Досега се повлечени над 1200 сирупи.

– Доброволното повлекување на овие серии е предложено како мерка на предострожност по откривањето на мали пластични честички (неинфективни) во опремата за пакување на производот (надворешно) од страна на производителот, информираат од Агенцијата за лекови.
Примероци од повлечениот сируп се испратени на дополнителни анализи на Фармацевскиот факултет и во Институтот за јавно здравје. Резултатите се очекуваат во текот на утрешниот ден. Од Малмед се категорични дека нема простор за паника. Ова било нормална пракса кај голем број фармацевски компании иако информацијата пласирана на социјалните мрежи предизвика загриженост кај некои родители кои сирупот им го давале на децата за покачена температура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1