Сите 39 жртви во камионот се Кинези


Сите 39 лица кои се пронајдени во приколка на камион-ладилник во југоисточна Англија се кинески државјани, јави Би Би Си, повикувајќи се на свои извори.

Телата се пронајдени вчера, во приколка на камион-ладилник во индустриската зона во местото Грејс, на околу 40 километри источно од Лондон, од кои 31 маж и осум жени.

Британската полиција денеска изврши претрес во две куќи во Северна Ирска, а исто така, сè уште го испрашуваат возачот на камионот Мо Робинсон, кој беше уапсен вчера откако беа пронајдени безживотните тела на 38 возрасни и еден адолесцент.

Камионот и приколката со луѓе во неа, најверојатно, одвоено се движеле пред да стасаат до индустриската зона во местото Грејс.

Според британската полиција, приколката на камионот пристигнала околу 00:30 по локално време вчера (1:30 според централноевропско време) во Парфлит, пристаниште на Темза од Забриге во Белгија, додека делот на камионот кој ја влече приколката пошол од Северна Ирска. Белгиското обвинителство потврди дека приколката на камионот минала низ Забриге во вторник, на 22 октомври.

Британското Обвинителство соопшти дека покренало истрага за смртта на 39 лица, која ќе се фокусира на сите страни вклчени во транспортот на овој камион низ ЕУ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1