По напуштањето на реалното шоу Задруга, Зоран Марјановиќ е уапсен по повод убиството на сопругата Јелена, а после сослушувањето на јавното обвинителство одреден му е притвор во траење од 30 дена.
Таткото на Зоран, Владимир Марјановиќ, потврдил дека неговиот син е уапсен и тврди дека апсењето му е наместено.
-Апсењето на Зоран е наместено и сите ние ја знаеме вистината. Јелена ја уби тајкун кој го држи половина Белград, а Зоран го апсат бидејќи му гори под нозе и на сите им иде во прилог Зоран да биде наместен. Мојот син не е убиец-изјавил Владимир.