Сите полудеа по МАГИЧНАТА ТОРТА – се прави за минутка


Трислоен десерт наречен магична торта е најновиот тренд кој го обзема интернетот, што се должи на неговата едноставност, бидејќи за приготвување не се потребни тешки техники и невообичаени состојки.

За приготвување, потребни се состојки кои се среќаваат во секоја торта, јајца, брашно, вода, шеќер, млеко и путер.torta44

Со печење на смесата на ниска температура се создаваат два слоја, еден налик на карамела и друг кој е во вид на крем. Потоа во смесата се додаваат матени белки со што се создава фил.

На интернет можат да се најдат разни рецепти за овој десерт, но бројот на претраги на „Гугл“ нагло се зголеми во последните триесетина дена, веројатно заради доаѓањето на есента кога се јадат повеќе слатки.

Според основниот рецепт, во еден сад се матат белките од четири јајца, а во друг жолчките се мешаат со шеќер, вода и ванила. Потоа се додава растопен путер, заедно со брашното, млекото и изматените белки. Температурата за печење варира, но времето потребно за да се испече колачот, обично е околу еден час.

Пред сервирање, потребно е десертот да се лади барем три часа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1