Доколку се уште не стигнала до вашиот инстаграм профил, ова е црната лимонада – најновиот тренд по кој полудеа сите трендсетери на социјалните медиуми.
Не е грешка, навистина се работи за лимонада, но во себе содржи уште една состојка – активен јаглен направен од кокосова кора, кој на овој пијалок му дава необична темна боја.
Оваа црна лимонада е одлична за детоксикација на организмот и за губење на килограми, а сигурно и добро ќе ви дојде во случај на мамурлак по некоја бурна ноќ.Освен активен јаглен, за овој пијалок ќе ви требаат сок од лимон или лимета, вода и некаков засладувач, како на пример мед.