Сите површински води во скопско се загадени


И годинава водата во Вардар и бактериолошки и хемиски е неисправна и е од висока 4-та и 5-та категорија. Повеќе од две децении во реката е забрането капење.

Покрај Вардар од Центарот за јавно здравје информираат дека и Лепенец, Треска и Пчиња како останатите површински води во скопско се загадени. Граѓаните не треба да ги користат ниту за капење ниту за наводнување на земјоделските површини.

-Површинските води се максимално загадени и апелирам до сите граѓани да внимаваат и да не ги наводнуваат посевите со пипер, патлиџан, зелка со фекално загадени води зошто на тој начин луѓето преку плодовите ги внесуваат тие бактерии кои се опасни по здравјето на луѓето, изјави прим.д-р Љупчо Костадиновски, началник на одделот за хигиена во ЦЈЗ Скопје.

Доктор Костадиновски од скопскиот центар за јавно здравје тврди дека јавните базени во Скопје се безбедни за капење. Не нашле ниту една бактерија во водата која тие ја испитуваат 4 пати месечно. Исто така од ДСЗИ информираа дека и испитаната вода од трите природни езера Охридското, Преспанското и Дојранското е со висок квалитет и граѓаните можат да ги користат за разладеување и рекреација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1