Сите сакаат да се венчаат на 13 декември годинава: Еве и зошто!


Трендот за венчавање на симболични датуми во САД постојано расте и веќе околу 20.000 парови во САД сакаат да се венчаат на 13.12.2014 година

maticno nevestaГолемото интересирање кај вљубените парови на овој ден да ја крунисаат својата врска е поради тоа што во нивната венчаница, според американските прописи, ќе биде заведено дека стапиле во брак на  12/13/14.

„Моравме да одбиеме многу луѓе. Ни пристигнуваа по 20 барања дневно, што е невообичаено за декември, кој важи за мирен месец кога станува збор за венчавки“ вели матичарка од Њујорк.

Но ова зaдоволство за младенците ќе ги чини и поскапо, затоа што цените на угостителските услуги за овој ден пораснаа, така што во еден хотел во Лас Вегас мени за едно лице чини околу 1.213 долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1