Има се повеќе докази што одат во прилог на тезата дека животот на Земјата почнал на Марс. Водечките научници тврдат дека постои еден специфичен елемент, кој е од големо значење за потеклото на животот и тој се наоѓа само на површината на Црвената планета
Професорот Стивен Бенер за ББС изјавил дека животот на Земјата дошол со метеорите, кои настанале како последица на ударот на метеор на Марс или од вулкански ерупции на оваа планета. Како доказ го наведува оксидираниот минерал молибдениум, за кој се смета дека е катализатор за органските молекули да се развијат во живи структури.
– Самот тогаш, кога молибдениумот станал високо оксидиран, тогаш можел да влијае на формирањето на животот, рекол професорот Бенер.
Овој облик на молибдениум не постоел на Земјата на почетокот на создавање на животот. Пред три милијарди години, на површината на земјата имало малку кислород, додека на Марс го имал во доволни количини.