СИТЕ ЗАГИНАА: Воен оркестар од 64 члена се наоѓаше во авионот кој се сруши утрово (ВИДЕО)


Руски воен авион „Ту-154“ во кој се наоѓале 91 лице денеска се урнал во Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Авионот исчезнал од радарот 20 минути по полетувањето од аеродромот во Сочи.4c37d872-c310-4c22-9770-4a9a0d3484ad_w987_r1_s

Од Министерството соопштија дека во авионот биле членовите на познатиот воен ансамбл Александров – хорот на руската армија, членови на екипажот и новинари.

Од руското Министерство соопштуваат дека тело на загинато лице од уривањето на авионот било пронајдено на шест километри од брегот во Сочи, рече портпаролот Игор Конашенков.

Новинската агенција Интерфакс цитирајќи неименуван извор од службите за спасување информира дека „неколку тела“ биле пронајдени на местото каде авионот се урнал.1482669994-3-300x205

Авионот полетал од Москва и требал да слета во сириската провинција Латакија, во Сочи трабало да биде напунето гориво.

Претходно, Министерството за одбрана соопшти дека делови од авионот се пронајдени на километар од брегот на Црното Море, во близина на Сочи.

Во соопштението се наведува дека условите за летање биле поволни.

Според медиумските извештаи, членовите на ансамблот Александров биле пратени во воената база во Сирија за прославата на воениот персонал за Нова година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1