СЈО го презеде случајот за масакрот кај Смилковци


Специјалното јавно обвинителство денеска на пладне започна прес-конференција на која информираше дека воспоставиле надлежност за предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

-Се надеваме дека за рочиштето во април ќе бидеме спремни за презентирање пред судот. Продолжува постапката во фазата во која се наоѓа предметот, истакна денеска Катица Јанева.

Убиените беа четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

Убиствата се случија на 12 април 2012 година. Обдукцијата врз убиените покажала дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што наведува дека има повеќе од еден извршител на чинот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1