СКАНДАЛ Дрога и секс во Ер Србија: Директор оргијал и шмркал кокаин со службеничка


„Ер Србија“ веќе подолго време ја тресе секс-скандал, бидејќи еден од директорите на српската авиокомпанија, кој инаку е оженет, е во љубовна врска со својата блиска соработничка, дознава српски „Курир“.

Сето тоа излегло на виделина кога сопругата на директорот се посомневала дека сопругот ја изневерува и одлучила да го провери. Таа ангажирала искусни приватни детективи кои го следела деноноќно, а кога и ги донеле доказите од неговото блудничење, таа буквално останала шокирана. er-srbija
– Иако наизглед имале складен брак, на сопругата и било сомнително што се почесто останувал прекувремено на работа и наводно имал службени состаноци со соработниците, па решила да го провери. Кога детективите и ги донеле доказите и фотографиите, не можела да им поверува на своите очи! Нејзиниот сопруг е фотографиран во разуздано издание, како се гали и бакнува со својата соработничка во луда ноќна забава – раскажал за „Курир“ извор од „Ер Србија“.

Покрај тоа што бесрамно и јавно ја изневерувал својата сопруга, директорот изгледа се опуштил во уште поголеми и поопасни пороци.

– Детективите направиле и фотографии на кои се гледа дека тој и неговата љубовница заедно шмркаат кокаин, а потоа така издрогирани се забавуваат со алкохол и музика. Кога сопругата сето тоа го дознала, направила општ хаос. Не само дома, туку и во „Ер Србија“ – раскажал изворот.

И пред да се дознае сето ова, вработените во компанијата веќе наголемо зборувале за врската на директорот со неговата соработничка. Имено, страста помеѓу нив очигледно била толку силна така што и се препуштиле пред очите на работниците, не обрнувајќи внимание на љубопитливите погледи и осуди.

„Испадна огромен скандал! Тие не ги криеја емоциите ниту во фирмата, а тоа го гледаа речиси сите вработени! Сите се чудеа што секогаш тие заедно одат на службени патувања. Само беше прашање на денот кога сопругата на директорот се ќе дознае“, додал изворот за „Курир“.

Поради хаосот што избил и кој се уште се прераскажува во компанијата, неверниот директор сакал да ја напушти „Ер србија“, но тоа, не било дозволено. ж

Љубовницата преместена на Сејшели!

Иако директорот и понатаму e во „Ер Србија“, неговата љубовница се извлекла не само од авиокомпанијата, туку и од Србија.
– Веднаш по избивањето на скандалот, соработничката на директорот исчезна од фирмата поради срам. Иако долго се шпекулираше дека дала отказ, всушност, е преместена на Сејшели, во една од филијалите на „Етихад ервејз“, кој е ко-сопственик на „Ер Србија“ – рекол изворот од српската авиокомпанија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1