Светлана Танасиќ, позната како Биг Мама, морала итно да го напушти снимањето на новогодишната емисија на Телевизија Пинк, бидејќи и ја обиле куќата.
Имено, со пејачката контактирале соседите кои и јавиле за тоа што се случило, поради што пејачката истиот момент излетала од студиото.
– Цеца ја повикаа првите соседи да и кажат дека некој и ја обил куќата и дека повикале полиција за да пријават. Иако и зборуваа да се смири и да не се грижи бидејќи тие ќе се погрижат за куќата додека не се врати од снимање. Пејачката истиот момент ги собра своите работи и замина дома, раскажал изворот.