СКАНДАЛ: Ќерката на Цеца претепана од дечкото


Костадин Терзиќ минатата недела пред неговата куќа ја претепал Анастасија Ражњатовиќ, а во целата тепачка била вклучена и група млади луѓе кои го нападнале синот на челникот на Ѕвезда, дознава српски Телеграф од извори блиски до Министерството за внатрешни работи на Србија.

Ќерката на Цеца му ги простила шамарите на нејзиното момче и моментално заедно се на летовање во Будва.

hitportal-anastasija-i-kostadin-260x166Најчуваната естрадна тајна минатата недела гласи: Синот на Ѕвездан Терзиќ, Костадин пред неколку денови ја претепал својата девојка Анастасија Ражњатовиќ, ќерка на Светлана Ражњатовиќ, дознава српски Телеграф.

До тепачката дошло во близина на Омладинскиот стадион, а како што пишува порталот, во целата фрка учествувал и првиот човек на Ѕвезда, Ѕвездан Терзиќ, кој на крајот завршил во полициска станица.

Како што вели соговорник за Телеграф: „Костадин Терзиќ пред својата куќа неколку пати ја удри Анастасија“.

ceca-i-veljko-260x181„Нивната кавга која кулминирала со караница на отворено ја забележале група на момчиња, кои пришле со желба да го одвојат Костадин од Анастасија. Тука заплетот почнува. Синот на Ѕвездан од овие момци во целата мешаница добил неколку удари, а кавгата и галамата која настанала го алармирале таткото на Костадин, Ѕвездан Терзиќ“, вели извор за Телеграф.

Каква е врската меѓу Терзиќ и Ражњатовиќ

Иако беше актуална приказната дека Ѕвездан Терзиќ се противи на врската на Анастасија и Костадин, доби одговор во вид на љубовна приказна на неговата ќерка Маша и синот на Цеца, Вељко.

Двојната врска на Терзиќ и Ражњатовиќ, со примеси на шпанска серија, продолжува да трае. Се надеваме само дека во иднина ќе има што помалку насилство, а повеќе љубов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1