Скандал на Евросонг- Украина се повлече од натпреварот


Украина целосно се повлече од Евросонг , откако нивната претставничка не сакаше да ја откаже турнејата во Русија.

Украинската државна телевизија објави дека Украина се повлекува од натпреварот за песна на Евровизијата , откако победничката на националниот натпревар одбила да ја откаже турнејата низ Русија.

Украина требаше да ја преставува пејачката Хана Корсун , позната под уметничкото име Марув . Уште тројца натпреварувачи на националниот избор , кои според бодовите биле зад Марув , одбиле да потпишат договор со телевизијата дека нема да настапуваат во Русија.

Според дел од медиумите , украинската песна била една од фаворитите на годинашниот Евросонг , што во мај ќе се одржи во Израел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1