Скандал околу портретот на Клинтон: Сенката покрај поранешниот претседател крие една тајна!


Портретот на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, кој извесно време беше изложен во Националната галерија на портрети во Вашингтон пред три години, има една тајна – покрај портретот е насликана сенката од фустанот на поранешната приправничка во Белата куќа, Моника Левински, изјавил авторот на сликата.

Сликарот кој, меѓу останатото, ги насликал и портретите на принцезата Дијана и папата Иван Павле II, објаснува дека силуетата од фустанот уфрлена „намерно и симболично“ – потсетува на „сенката“ која аферата ја фрли на животот и кариерата на поранешниот американски претседател.Bil Klinton 1

–  Тоа е метафора, сенката го претставува нејзиниот син фустан, но и многу повеќе од тоа. Бил Клинтон е најголемиот лажов на сите времиња. Тој и неговата администрација направиле добри работи, но не можам да ја заборавам приказната за Моника која суптилно е инкорпорирана во сликата – изјавил рекол 77-годишниот сликар Нелсон Шенкс. 

Како што денеска пренесува „Филаделфија дејли њуз“, сенката во облик на силуета која замаглува дела од каминот пред кој стои Клинтон е, всушност, сенка од синиот фустан на Моника Левински, која имала љубовна афера со Клинтон за време на неговиот претседателски мандат.

Шенкс тврди дека имал модел за сликање на сенката.

– Манекенката доаѓаше на сликање, но никогаш во исто време кога и Клинтон – рекол сликарот, роден во Филаделфија.

„Франс прес“ јавил дека таа вест ја потврдиле и останатите членови на сликарското студио во кое е направен портретот.

Портретот сега се наоѓа во архивите, додека претставниците на музејот во кој била сликата е изложена, рекле дека не знаеле „за таа тајна“.

Еден од фустаните на Моника Левински служел како доказ за време на истрагата за оставката на Бил Клинтон во 1998 година. 

– Никогаш не сум слушнал дека семејството Клинтон ја мрази таа слика и дека сакаат да ја тргнеме, како што тврди Шанкс – рекол Бетани Бентли, претставничка на галеријата.

Бил Клинтон се уште не ги коментирал овие изјави, а неговиот секретар за јавност, како што пренесува британски „Телеграф“, одбил да го коментира случајот. Не е познато, ниту како, денес 42-годишната Моника гледа на целата работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1