Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва гласаше против приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево.
Членовите на СДСМ во ДИК, според информациите на Курир, гласале против приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, со кои можеше да се доведе во прашање победата на Фатмир Дехари и според проценките, гласовите од овие избирачки места можеа да влијаат на изборните резултати и да бидат одлучувачки дали Дехари ќе ја потврди победата или прегласувањето ќе направи пресврт.
Останува нејасно и со каква цел СДСМ гласаше против приговорите.
Сител јавува дека преставниците на СДСМ во државната изборна комисија гласаа воздржано по предлогот за поништување на изборите во избирачко место каде е забележано очигледна нерегуларност иако предлозите за тие избирачки места се поднесени од СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ.
Дали ваквата постапка на СДСМ всушност значи продолжение на погубните постапки за Кичево кои започнаа со референдумот за Законот за територијална поделба од 2004 година донесен од Социјалдемократскиот сојуз, без соодветна анализа што ќе предизвикаат етнички компонираните општини во кои најголем дел од руралното население е албанско, а урбаното е македонско население, пишува Курир
Според законот предложен од тогашниот премиер Бучковски, а поддржан од претседателот Црвенковски, Македонците во Струга и во Кичево станаа малцинство.
Извор Курир