Скандал во хрватскиот парламент: Пратеник изнесен со обезбедување од салата (ВИДЕО)


Во понеделникот обезбедувањето во хрватското Собрание морало да реагира и да го изнесе од салата пратеникот од партијата „Жив ѕид“, Иван Пернар, бидејќи не сакал самиот да ја напушти седницата, откако претседателот на Собранието Синиша Хајдаш Дончиќ го побарал тоа.

Откако добил две предупредувања поради довикување од место и се оглуши на барањето на спикерот да ја напушти седницата, Пернар остана на своето место и побара спикерот да го повлече своето предупредување.

По петминутната пауза, мораше да интервенира собраниското обезбедување и Пернар беше физички изнесен од седницата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1