Сите уапсени Албанци кои учествуваа во инцидентот со албанскиот дрон, во вторникот вечерта се пуштени на слобода и веќе пренесени во Албанија, јави Курир.
Причината за нивното ослободување е штрајкот на адвокатите во Белград Сите уапсени Албанци кои учествуваа во инцидентот со албанскиот дрон, во вторникот вечерта се пуштени на слобода и веќе пренесени во Албанија, јави Курир.
Причината за нивното ослободување е штрајкот на адвокатите во Белград.
Колку за потсетување, братот на албанскиот премиерот Рама беше уапсен во ВИП ложата на стадионот на Партизан под основано сомнение дека тој е организиратор и лидер на инцидент со албанското знаме, по што тој беше откажан фудбалскиот натпревар меѓу тимовите на Србија и Албанија.
Освен Рама, уапсените други членови на албанската делегација кои беа во ВИП ложата на Партизан – се ослободени. Според српската полиција, албанската делегација е ослободена, бидејќи “не можело да им се обезбеди правен совети поради штрајкот на адвокатите.”
Истиот извор рече дека обвинителството подоцна ќе одлучи како ќе продолжи во овој случај.
Албанската делегација од стадионот отиде на аеродромот “Никола Тесла”, а потоа замина со чартер лет до Тирана.
Според неофицијалните информации на Танјуг, Рама бил приведен од белградскиот шеф на полицијата Веселин Милиќ.