Мери Францис Рејнолдс своето уметничко име Деби го доби на шеснаесетгодишна возраст од страна на сопственикот на студиото „Ворнер“, кој во неа веднаш го препозна холивудскиот квалитет.
Покрај нејзината завидна кариера, Рејнолдс имаше и бурен персонален живот и не баш голема среќа во љубовта, имајќи превид дека зад себе остави три брака.
Првпат се омажила за пеачот Еди Фишер во 1955 година, со кој и ги доби своите две деца Кери и Тод. Двојката се разведе четири години подоцна, откако Фишер имаше афера со тогаш блиската пријателка на Деби, Елизабет Тејлор. Скандалот кој изби по оваа афера му ја уништи кариерата на пејачот.
Еди по разводот дури и се ожени со Тејлор, но таа многу брзо го напушти поради Ричард Бартон.
И Рејнолдс брзо се премажи, и тоа во 1960 година со Хери Карл, со кого заедно остана 13 години. Тој ја остави во финансиски проблеми, поради неговата зависност од коцкање.
Во 1984 година, Деби се омажи за Ричард Хамлет, но и тој брак заврши со развод во 1996 година.