Нова скандалозна изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев. На итната пресконференција на „Бихаќка“ Заев денес прозва дел од медиумите, кои како што рече, според СДСМ и според него се поголем политички непријател за опозицијата.
,,Во моментов став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се Сител, Канал 5, Алфа, Дневник и Македонската Радио Телевизија. Вие не сте наши политички непријатели, вие сте медиуми кои што меѓу другото се финансирате и дел од пари на граѓаните.Тоа се и мои пари и ваши пари и на опозиционери и на поддржувачи на власта. Се бориме за независни медиуми. Секоја меѓународна пракса која што може да најде примена во Македонија, а ќе биде во функција на независни медиуми за нас е прифатлива.,,
Изјавата на Заев и прозивката на „непријателските“ медиуми доаѓа во време кога работните групи за спроведување на Договорот од Пржино ги договараат измените на Законот за медиуми, со посредство на Питер Ванхауте, а каде меѓу другото се разговара и за начинот на финансирање на медиумите и за распределба на средствата за владини кампањи.