Скандалозни Фејсбук групи на Балканот: Се повикува на инцест и педофилија


На Фејсбук веќе некое време, сосема јавно и без никаква цензура постојат две групи наменети за корисниците од Хрватска и регионот, а кои отворено промовираат и повикуваат на инцест, педофилија и што е можно поодвратни форми на сексуално однесување, пишува хрватски Индекс.

Едната има над 1.800 членови, а другата околу 200, а пристапот им е, без разлика што ви зборувале за безбедноста на Интернет и службите кои го надгледуваат, застрашувачки едноставен.

Поточно, со два клика од кое било дете, кое ја користи таа социјална мрежа се наоѓа содржина, од која на возрасните им се превртува желудникот.

Новинарка на Индекс со лажен профил, без никаков проблем и со еден клик, станала членка на групата и минала неколку дена во комуникација со нејзините членови. Немало никаква недоверба, никакви проверки.

А сликовните материјали и текстуалната содржина, кои следат истата секунда по приемот во членството, а потоа и со пораки, со кои членовите меѓусебно едни на други се обраќаат, се толку настрани и шокантни, што не може ни да се замисли.

„Најмногу сакам помлади од 13“, „Кој од вас ја е..е својата мајка?“, „Прераскажете ги своите искуства со инцестот“, „Најслатко е меѓу брат и сестра“, „Бараме уште еден пар за инцест“, се само некои од објавите на кои потоа членовите воодушевено и без никаков проблем дискутираат.

Ги величаат педофилите од своите вистински профили, а групите се полни со девојчиња.

Иако новинарката очекувала дека повеќето профили, кои ги користат членовите се лажни, односно дека не се регистрирани со вистинското име и презиме на личноста, тоа се покажа како целосно погрешно. Значителен дел од членовите на групата имаат вистински профил, што по неколку часа пребарување на Интернет, може мошне лесно да се утврди.

Но мошне загрижувачки е уште еден тренд, во таквите групи по својата доза внимание доаѓаат девојчиња од целиот регион. Иако според фотографиите апсолутно е невозможно да се одреди нивната возраст, според пораките и коментарите кои ги оставаат, прилично е јасно дека станува збор за деца.

За да го добијат вниманието на постарите членови на групата, на девојчињата повеќе не им е доволно да облечат мини здолниште, под кое очигледно не носат долен веш, фотографија со отворено деколте од кое се гледаат брадавиците, наведува Индекс. Има многу фотографии со лезбејски односи, а една одлучила да ги надмине сите други членки па во борбата за лајкови објавила фотографија со намокрени прсти, кои претходно претпоставувате каде ги ставила.

Некои отворено бараат спонзори, точно со тој назив, а некои само бараат друштво, кое ќе ги повика на море и ќе им го финансира шетањето.

Една од администраторките на групата е од околината на Сисак. Администраторите се менуваат, но во текот на тие неколку дена, кои новинарката на Индекс ги минала во групата се смениле тројца или четворица. Станува збор за девојка од 20-тина години од Белград, нешто постара девојка од српско потекло, која живее во странство. Бошњак, кој живее во Шведска и девојка, која живее во околината на Сисак. Оваа последната на својот приватен профил го користи своето вистински име и презиме, името на партнерот и местото на живеење.

Меѓутоа алармантно, но за среќа и неточна е информацијата, која ја навела на профилот дека работи како готвачка во еден дом за деца. Но застрашувачки податок за администраторката од околината на Сисак, со типично пубертетски објави на својот профил, е дека има мало дете.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1