Скандалозно: Откриено дека се правеле оргии во тајната вила на МВР во Бугарија


Оргии и незапирливи забави ја треселе “полициската вила” во Хасково. Наставниот центар на МВР бил претворен во арена за бурни празнувања. Градоначалникот на Хасково, Георги Иванов го откри скандалот во бугарските медиуми

vila mvr bugarijaОбјектот бил со специјален режим и не подлежел на проверки од градежниот инспекторат. Затоа од Градското собрание се категорични дека изградените забавни објекти, како базени, скари и терени за минифудбал се нелегални.

“Додека беше министер, Цветан Цветанов ми одговори дека тоа е тајна, тајна вила на МВР и нема како да се проверува. Затоа престанав да истражувам, што да направам? Иако ги докажавме прекршоците при градежните работи, едноставно не можеш да се соочиш против целата машина “, изјавил градоначалникот.

Тој е убеден дека во документот за сопственост ги нема ниту дел од бунгаловите кои постојат, ниту пак скари, базен, спортски терени, два метра ограда. Местото е претворено во терен за незапирливите забави за годишнини, родендени и што ли уште не

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1