Скап ли е бензинот кај нас?


Веќе подолго време цените на горивата кај нас повеќе или помалку се стабилни – сегашната, нова цена на бензинот од 95 октани изнесува 83 денари, а пред една година таа беше 79 денари. Дизелот, пак, сега чини 70 денари, што е за три и пол денари повеќе од ланска цена во првата половина на јули.

Во последните 12 месеци највисоката цена на бензинот од 83,50 денари беше забележана кон средината на септември, а најниската, 76,50 денари, лани во ноември.

benzin33 Скапо е или евтино?

цените на горивата во Македонија се меѓу најниските во Европа, кои во просек се 1,509 евро за бензинот и 1,396 евро за дизелот. Некаде, како во Норвешка, тие се многу повисоки – таму литар бензин чини 1,932, а литар дизел 1,747 евро.

Не е многу поевтино да се вози автомобил и во Холандија, каде што литар безоловен бензин од 95 октани чини 1,861 евро, ниту, пак, во Италија (1,817 евро) или Данска и Турција (1,77 евро за литар).

Некаде, пак, како во Косово (1,20 евро), Босна и Херцеговина (1,224), Полска (1,246) и уште две-три други земји бензинот чини помалку од нашите 1,345 евро, додека дизелот апсолутно е најевтин во Македонија – 1,135 евро.

Веднаш зад нас е Андора (1,14 евро), па следуваат Косово (1,19), Луксембург (1,204) и така натаму, сѐ до Италија и Велика Британија, кои со речиси 1,7 евро за литар се доближуваат до светскиот рекордер Норвешка. Патем кажано, оваа скандинавска земја произведува повеќе сурова нафта отколку Алжир, Казахстан, Катар или Либија, па дури и од цела Европска Унија.

Ценовната слика драстично се менува во опкружувањето на Европа – Русија и поранешните советски републики, како и земјите од Блискиот Исток, освен Израел, сите имаат пониски цени на горивата од европските. Некаде помалку (Мароко, Јордан, Ерменија…), но некаде драстично повеќе. Така, на пример, литар бензин во Кувајт чини 0,169, во Либија 0,119, а во Саудиска Арабија само 0,088 евра, односно 5,5 денари. Сепак, изненадувањата со ниските цени на бензинот не завршуваат тука, туку се префрлаат преку океанот, во Венецуела, каде што неговата цена е помала од половина денар за литар.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1