Скокнал под воз со се 3 год ќеркичка – дознал дека жента го изневерува со другарот (Фото)


Таткото кој со 3 годишната ќеркичка во рацете скокнал под воз бил во тешка состојба и депресија бидејќи дознал дека жената го изневерува со неговиот најдобар другар.

Покојниот Ричард Стро (28) ја држел во раце ќеркичката Скарлет.

Тој загинал на самото место но за чудо малата Скарлет преживеала и најдена е крај пругата со ужасни повреди. Девојчето кое сега има 4 години е на пат потполно да се опорави.

Истрагата покажала дека Ричард открил дека неговата Саманта (27) се гледа со неговиот најдобар другар Лиј Бејкон.

Една недела пред да се самоубие тој бил уапсен бидејќи подметнал пожар во куќата на другарот.

На пријателите им кажал дека го излудува помислата дека неговата мала Скарлет би можела некого друг да нарекува тато.

Мајката пак изјавила дека нешто не било во ред со Ричард, бидејќи таа почнала да излегува со Лиј дури откако се раделила од Ричард по 5 години брак поради неговото коцкање и пиење. На денот на трагедијата тој ненајавен дошол по девојчето велејќи дека сака да ја носи на ручек. Изгледаше среќно, и таа е негова ќерка па не правев проблем, изјавила Саманта.

Кога го зел девојчето и рекол да ја бакне мајка си да и каже збогум и дека ја сака. Кога не се вратиле во договореното време таа се загрижила и отишла во куќата на бившиот сопруг да ги побара.

Имала што да види – на зидовите испишани огромни графити со навредливи содржини за неа.

На еден пишувало ,, сакаше да ме видиш мртов епа мама те сакам и збогум,, на што и се следила крвта во жилите бидејќи знаела дека нешто лошо се случило. Веднаш повикала полиција.

Телото на Ричард било пронајдено без документи, па поминало време додека се утврдило кој е и кое е девојчето. За среќа една година по несреќата малата Скарлет заздравува од ужасните повреди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1