Скопјанец доби кривична – оставал недолични коментари на фејсбукот на амбасадата на САД


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Т.Т. (34) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „повреда на угледот на странска држава“.facebook-696x456-56870-72400

Како што соопшти МВР, пријавениот во периодот од 14 до 16 април 2016 година од својот фејсбук профил во повеќе наврати на официјалната страна на Фејсбук профилот на Амбасадата на САД во Република Македонија објавил коментари со недолична содржина и испратил индиректни закани кон дипломатскиот претставник на САД во Република Македонија и кон неговото семејство со што јавно го изложил на подбив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1