Скопјанец во средата грабнал дваесетгодишна девојка зад пазарот во Шуто Оризари.
Триесет и деветгодишниот маж насилно ја внел девојката во автомобил и заминале во непознат правец, јави полицијата.
По пријавувањето на случајот, грабнувачот е идентификуван, но полицијата се уште трага по него и по девојката и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот